Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека сака што поскоро да се ослободи од Маркус Рашфорд (27).

Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Рашфорд би можел покрај Манчестер да ја напушти Англија и кариерата да ја продолжи во милански Интер.

Италијанскиот гигант, предводен од еден од најдобрите тренери на денешницата, Симеоне Инзаги, бил сериозно заинтересирани за „отпишаниот“ напаѓач. Клубот сака да го донесе Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот за 50 милиони евра.

Текстот Интер сака да го позајми Рашфорд од Манчестер јунајтед е превземен од МАКФАКС.