Сосновачот на „Епл“, Стив Џобс, бил познат по своите неконвенционални методи и високите стандарди при избор на вработени. Наместо класични интервјуа, тој често ги носел кандидатите на прошетка или на пиво за да види какви се во опуштена атмосфера.
Неговата цел била да ги запознае луѓето подлабоко, поставувајќи едноставни, но значајни прашања како: „Што направивте минатото лето?“ или „Кога последен пат постигнавте нешто важно?“.
Џобс не барал точни одговори, туку карактер и начин на размислување. Верувал дека успехот доаѓа од „А-играчи“ – најдобрите професионалци кои се мотивирани и сакаат да соработуваат со луѓе на своето ниво.
Со таков тим, Џобс создаде уреди што ја променија технологијата – iPod, iPhone и iPad – и остави трајно наследство по својата смрт во 2011 година.
Текстот Интервју за работа по рецепт на Стив Џобс: една прошетка, едно пиво и многу искреност е превземен од МАКФАКС.























