Случајот со „Фантомскиот лекар“ го презеле истражните органи. Државниот санитарен здравствен инспекторат соопштува дека го пријавиле случајот во полиција. МВР во координација со обвинителството ќе го разгледа досието на лекарот кој дал анти-ковид терапија без медицинска евиденција на пациентка од Скопје. Министерот Филипче објави дека пациентката била на инфузии две недели и по влошувањето на здравствената состојба починала само неколку часа откако била хоспитализирана.

Сомнежите се дека има многу такви случаи кога лекарите приватно даваат нелегална терапија преку домашни посети, држејќи ги пациентите надвор од соодветниот систем за лекување во болница. Се очекува овој случај да ја открие мрежата на лекари, кои за финансиска корист честопати ги ризикуваат животите на пациентите. За поранешниот министер Даниловски,за овој скандал мора да има казна.

Според Институтот за јавно здравје, повеќето пациенти од корона вирусот починале во болнички услови. Неофицијално, се истражува и дали има злоупотреби и на количината на болнички лекови за терапија против ковид за време на домашните лекувања.