„Рускиот претседател Владимир Путин ја нападна Украина пред повеќе од три години со намера, меѓу другото, да ги киднапира нејзините деца“, се вели во извештајот на Институтот за проучување на војната. Тие укажуваат дека се зголемуваат доказите за присилна депортација на украински деца и систематска асимилација во руското општество. Според украинските власти, најмалку 19.456 деца е потврдено дека досега биле депортирани од Русија, додека истражувањето на лабораторијата за хуманитарни истражувања на Универзитетот Јеил проценува дека бројката е поблиску до 35.000.

– Ова е систематско бришење на украинскиот идентитет – рече Дмитро Лубинец, украински комесар за човекови права, додавајќи дека Украина потврдила најмалку 400 случаи на принудно посвојување деца во руски семејства, но дека реалната бројка е веројатно многу поголема.

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руската комесарка за правата на децата, која тврдеше меѓу февруари 2022 и јули 2023 година дека Русија „примила“ дури 700.000 украински деца, според написите во светските медиуми.

Текстот Институт за проучување на војната: „Путин продолжува да киднапира украински деца“ е превземен од МАКФАКС.