Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) регистрирал две лица кои третпат се заразиле со коронавирус. Едното лице имало хронична бубрежна болест и оди на дијализа, а другиот случај бил пријавен вчера и уште не е готова епидемиолошката анкета.
Ова денеска го кажа епидемилогот од ИЈЗ д-р Драган Кочински, кој дополни дека според нивните извештаи регистирани се 953 реинфекции со ковид-19.
Информациите беа споделени на онлајн средба која ја организираа Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со НВО Инфоцентарот.
Д-р Кочински кажа дека кај реинфекциите, присутни се сите возрасни групи.
Повеќето се со коморбидитети, а мислам дека досега се пријавени 7 смртни случаи од реинфекциите, изјави д-р Кочински.
Заклучно до вчера, вкупно ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 218.194, оздравени се 204.685, починаа 7.688, а активни се 5.821 болни.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.