Ако постојано имате потреба нешто да грицнете, најдобро би било тоа да бидат јаткастите плодови. Еден од најважните е индискиот орев.

Оваа здрава ужинка е богата со железо, селен, фосфор, магнезиум и цинк.

Го штити здравјето на срцето, благотворно делува на дијабетесот, тој е антиоксиданс, а се користи и при слабеењето. Но тоа не се единствените здравствени предности од индискиот орев.

Дијабетес

Незаситените масни киселини кои ги содржи индискиот орев благотворно делуваат и на дијабетесот. Тие придонесуваат за намалување на нивото на триглицериди и го штитат организмот од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестерол.

Со редовното консумирање на овие намирници значително се намалува ризикот од појавата на дијабетес тип 2.

Магнезиум

Индискиот орев содржи големи количини на магнезиум, кој е неопходен за работата на нашиот организам, магнезиумот е важен за метаболизмот, а редовното внесување на овој минерал го штити организмот од високиот притисок, грчеви во мускулите, главоболка и хроничен замор.

Здравје на усната шуплина

Индискиот орев го чува здравјето на забите и непцата така што ги уништува бактериите кои предизвикуваат кариес, болести на непцата, акни, туберкулоза и други болести.