Вакцинацијата кај нас ќе ја опишам фигуративнo: Сакаме да се најадеме, но само со една лажица на еден час. Затоа никогаш нема да се најадеме масовно, рече министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „360“, говорејќи за нискиот степен на вакцинација во нашата земја.
Според него, имунизацијата се прави за кратко време и кога ќе постигнеме одреден степен сметаме дека нашето население е имунизирано и може слободно да функционира.
Од средбата со амбасадори од разни земји кај нас дојдов до информации дека во Италија се имунизирани 91% од населението, во Велика Британија 86%, Данска и Јапонија се над 80%. Нашите граѓани гледам дека споделуваат се укинуваат мерките во Данска, а кај нас се уште ги има. Па ние имаме само 41% вакцинирани, ниту половина од нив. Со која логика да ги укинеме, прашува Сали.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.