Дури и пред да се појави официјалната информација дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, долго време се шпекулираше дека не е сè како што треба меѓу нив.

Тие разочараа многу фанови со нивниот развод, а потоа започнаа многу други натписи. Афлек наводно поминува сè повеќе време со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, но Џеј Ло откри и дека е подготвена за нова љубов.

Сепак, темата за нивниот развод е сè уште актуелна, а како причина за разделбата се наведуваат непомирливи разлики.

Во интервју за „Ел Паис“, Џеј Ло откри како им кажала на своите деца дека се разведува.

„Имав навистина тешка година. Се случија неочекувани работи. Читав многу книги и работев многу на тоа да се запознаам себеси. Медитирав, се молев многу. Сакав да го подобрам мојот однос со Бога и цврсто да ја поврзам семејната единица што ја сочинуваат моите деца и мене, моите близнаци.“

Лопез продолжи: „Им реков: ‘Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога сè ќе заврши, ќе излезам посилна и подобра’. Им го ветив тоа – и го исполнив. Сега и тие го чувствуваат тоа, и тоа ми носи мир.“

„Прочитав многу книги за детството, бракот, врските, различните стилови на љубов, мозокот, науката… Низ годините поминав низ индивидуална терапија, брачна терапија, семејна терапија. Пробав сè, секогаш барам нешто. Мислам дека клучот е да се запознаеш себеси.“

Џенифер исто така истакна дека разводот е тежок период, но дека е многу поважно како се однесува човекот во тие моменти и што носи со себе како искуство.

Текстот „Имав тешка година, поминав низ многу терапии“: Џеј Ло ја соголи душата е превземен од МАКФАКС.