реклама

Легендата за чудовиштето од Лох Нес е стара повеќе од илјада години. Суштеството, љубезно наречено Неси, е, заедно со Бигфут и Јети, една од најголемите мистерии на криптозоологијата.

Тоа е поле кое се занимава со истражување на животни чие постоење е слабо или воопшто не е документирано.

реклама

Сепак, недостатокот на докази не ги спречува илјадниците ентузијасти да ги користат најсовремените техники за да го бараат Неси, пишува Дојче веле.

Чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес беше една од главните светски атракции пред четириесет години. Откако еуфоријата околу Неси избледе од насловите, сега полека се враќа.

реклама