Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада. Стотици илјади вработени беа отпуштени или прераспоредени за време на неговиот мандат.
Во објава на неговата платформа X, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да ја води новосоздадената Канцеларија за ефикасност на владата, позната под акронимот DOGE (Оддел за ефикасност на владата).
Според Би-Би-Си, Белата куќа го започна формалниот процес на неговото заминување од позицијата „специјален владин службеник“ во вчера вечерта, што му овозможи да извршува федерални работи до 130 дена во годината.
Позицијата на Маск беше привремена, а неговото заминување беше очекувано, но времето е значајно бидејќи доаѓа еден ден откако тој јавно критикуваше голем законодавен проект на администрацијата на Трамп.
„Бидејќи мојот мандат како специјален владин службеник истекува, сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење“, напиша Маск на X.
„Мисијата на DOGE само ќе станува посилна со текот на времето, бидејќи станува начин на живот низ целата влада“, додаде тој.
Маск претходно изјави дека е разочаран од предлогот за буџет на Трамп, кој вклучува намалување на даноците во вредност од повеќе трилиони долари и зголемени воени трошоци.
Во времето на политичката вмешаност на Маск, Тесла забележа пад од 13% во продажбата во првиот квартал, најголем во својата историја. Акциите паднаа за дури 45%, и иако делумно се опоравија, тие сè уште се околу 10% под нивната почетна вредност.
Маск во вторникот на економски форум во Доха изјави дека ќе остане на чело на Тесла најмалку уште пет години.
Текстот Илон Маск ја напушта Белата куќа е превземен од МАКФАКС.