Ливерпул вчера со 1:0 беше поразен на гостувањето кај Лестер во Премиер лигата, а единствениот погодок беше дело на Адемола Лукман.
Мохамед Салах остана трагичар на овој меч бидејќи промаши пенал во рана фаза од натпреварот, но Јирген Клоп по натпреварот сепак тврдеше дека ниту еден од неговите играчи не бил доволно добар.
„Не планиравме да му дозволиме на Лестер денес да игра онака како што играше. Ако вака продолжиме, нема шанси да го стигнеме Манчестер Сити на врвот“, изјави Клоп, па додаде:
„Поразот е пораз. Мораме од него да извлечеме поука. Прва работа е никогаш повеќе не смееме да одиграме како на овој меч. Го загубивме ритамот и не бевме доволно смирени да го вратиме. Тоа е само наша грешка. Не ми се допадна како игравме, едноставно не бевме свои“.