Хамас наводно извршил процес на „забрзана рехабилитација“ на заложниците непосредно пред нивното ослободување. Според извештајот на израелскиот N12, тие им дале на заложниците храна и стимуланси непосредно пред нивното ослободување за да остават впечаток дека биле добро третирани за време на нивното заробеништво.

Оваа практика излезе на виделина при постепеното ослободување на заложниците, тврдат израелските медиуми. Во извештајот се наведува дека Хамас се грижи заложниците да изгледаат енергично и во добра состојба кога ќе се вратат во Израел. Сепак, како што објави The Jerusalem Post, сведочењата на неодамна ослободените жени откриваат сосема поинаква слика за нивното затворање.

Ослободените заложници им кажале на израелските власти, според N12, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз. Други открија се дека биле држени во тешки услови, вклучувајќи подземни тунели и кафези. N12 истакна дека овие мерки непосредно пред ослободувањето биле дел од напорите на Хамас да влијае на јавната перцепција за нивниот третман кон заложниците.

Четворицата заложници – Карина Ариев, Лири Албаг, Даниела Гилбоа и Наама Леви – беа ослободени од заробеништво на Хамас во саботата. Покрај тоа, Емили Дамари, Роми Гонен и Дорон Штајнбречер беа отпуштени од медицинскиот центар Шеба по една недела медицински прегледи по нивното враќање дома.

Текстот Израел: Хамас на заложниците им има дадено стимуланси пред ослободување за да изгледаат поздраво е превземен од МАКФАКС.