Израел се очекува утре да ослободи вкупно 602 палестински затвореници од израелските затвори, откако палестинската милитантна група Хамас ослободи шест израелски заложници од Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници (АСРА).
Во соопштението се наведува дека утре ќе бидат ослободени 50 палестински затвореници кои беа осудени на доживотен затвор, 60 осудени на долги казни, 47 кои беа повторно уапсени откако беа ослободени во рамките на размената на затвореници во 2011 година, како и останатите 445 затвореници од Појасот Газа кои беа уапсени по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, јави Ал Џезира, пренесува Танјуг.
Размената на заложниците за палестинските затвореници се врши врз основа на трифазен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, кој стапи на сила на 19 јануари.
Планирано е во првата фаза да бидат ослободени вкупно 33 заложници.
Текстот Израел се очекува утре да ослободи 602 палестински затвореници во замена за 6 заложници е превземен од МАКФАКС.