Израелската војска соопшти дека повторно ќе го почитува примирјето во Појасот Газа, откако во текот на ноќта извршила воздушни напади како одговор на напад врз нејзини војници.
Според соопштението, израелската армија бомбардирала десетици цели, при што биле убиени повеќе од 30 вооружени лица што имале командни позиции во палестинските вооружени групи.
Палестински медицински извори пренесуваат дека во нападите загинале најмалку 104 лица, јави Ројтерс. Ако бројките се потврдат, тоа би бил најголем број жртви од почетокот на примирјето на 10 октомври.
Израел ја обвини организацијата Хамас за заседа во Рафа во која загинал израелски војник, но Хамас го негира тоа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, и покрај новите инциденти, примирјето останува на сила и дека „ништо нема да го загрози“, додавајќи дека Хамас вети дека ќе го почитува договорот.
Текстот Израел по новите напади врз Газа: Повторно ќе го почитуваме примирјето е превземен од МАКФАКС.























