Израелската војска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно.
„Како одговор на беспилотното летало од Сирија кое погоди училиште во Еилат, ИД ја нападна организацијата која го изврши нападот. ИД го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од нејзината територија. Ќе одговориме на секоја агресија врз Израел“, се вели во објавата од израелската војска на социјалната мрежа „Икс“.
In response to a UAV from Syria that hit a school in Eilat, the IDF struck the organization that carried out the attack a short while ago.
The IDF holds the Syrian regime fully responsible for every terror activity emanating from its territory.
We will respond to every…
— Israel Defense Forces (@IDF) November 10, 2023
Армијата не соопшти која организација во Сирија го испратила дронот во Еилат, град кој се наоѓа на Црвеното Море на околу 400 километри од најблиската точка на сириската територија.
Во извештаите за нападот со беспилотно летало не се наведува дали има повредени.
Еилат е главниот трговски излез на Израел кон Црвеното Море.