Антони Блинкен, американскиот државен секретар, вчера изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифатил „предлогот за премостување“ со цел да се затвори јазот меѓу Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот во Газа.
Претставниците на Хамас не коментираа веднаш, но тие го нарекоа предлогот наклонет кон Израел.
Портпаролот на Нетанјаху потврди дека премиерот му рекол на Блинкен дека Израел се согласил со предлогот, кој посредниците од САД, Египет и Катар го претставија минатата недела. Блинкен разговараше за тоа за време на тричасовната средба со Нетанјаху во Ерусалим.
Што е следно?
Преговорите се очекува да продолжат оваа недела во Египет. Блинкен рече дека разговорите ја претставуваат „веројатно најдобрата, можеби и последната“ шанса да се вратат израелските заложници дома и „секого да се стави на подобар пат кон траен мир и безбедност“.
Во меѓувреме, Израел соопшти дека извршил напади низ централна и јужна Газа. Палестинските власти соопштија дека во нападите од неделата загинале 25 лица, додека военото крило на Хамас и Исламскиот џихад ја презедоа одговорноста за, како што рекоа, самоубиствениот бомбашки напад во Тел Авив доцна во неделата.
Повеќето студенти од Универзитетот Колумбија кои беа уапсени или се соочија со дисциплина поради учество во пропалестински демонстрации ќе можат да се вратат во кампусот оваа есен.
Драган Мишев