Израелски оган погоди возило на ОН во Газа, дел од хуманитарен конвој координиран со израелските власти, соопшти светската организација.
Како што пренесува МИА, инцидентот, во кој нема повредени или загинати, се случил вчера, изјави портпаролот на ОН и потсети на претходните слични настани.
„Синоќа, јасно идентификувано хуманитарно возило на ОН, дел од конвој кој беше целосно координиран со (израелските вооружени сили) беше погодено 10 пати од израелски оган“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик.
Според него, панцирите ги спасиле двете лица во возилото.