Израелските вооружени сили соопштија дека од почетокот на војната во Газа елиминирале повеќе од 17.000 палестински борци.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари одби да прецизира дали терминот „елиминирани“ се однесува само на убиените борци, или вклучува ги и заробените и ранетите.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден Палестинец е убиен, а друг тешко ранет откако еврејски доселеници отвориле оган врз нив во близина на градот Калкилија на Западниот брег. Според палестинската агенција „ВАФА“, вооружените доселеници нападнале село во тој регион и стрелале со боеви куршуми по цивилни жители. /MIA