
Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет.


Истрагата ја отвори Одделот за специјални криминали и Агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет.
Други детали не се соопштени, додека од кабинетот на Бенет информираа дека семејството на премиерот добило зголемено обезбедување.