Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека доколку пропадне примирјето во Либан, израелските сили повеќе нема да прават разлика меѓу Либан и Хезболах.
Либанското Министерство за здравство објави дека бројот на загинати од израелските напади на либанска територија од 7 октомври 2023 година надмина 3.000, додека повеќе од 13.000 луѓе се повредени.
Ројтерс ги пренесува забелешките на Кац за време на неговата посета на северен Израел, каде што тој рече дека либанската влада мора да ја овласти либанската армија да го спроведе својот дел од договорот, држејќи го Хезболах подалеку од реката Литани и демонтирајќи ја целата нивна инфраструктура.
„Доколку примирјето пропадне, нема да има повеќе исклучоци за државата Либан. Договорот ќе го спроведеме со максимален ефект и нулта толеранција. Ако досега правевме разлика меѓу Либан и Хезболах, тоа веќе нема да биде случај“, додаде тој.
Многу Израелци во северен Израел, беа принудени да ги напуштат своите домови поради речиси постојаната размена на оган меѓу Хезболах и Израелските одбранбени сили (ИДФ) од 7 октомври 2023 година.
Текстот Израелскиот министер за одбрана: Ако примирјето не успее, нема да правиме разлика меѓу Либан и Хезболах е превземен од МАКФАКС.