Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека извршиле напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, пренесе ДПА, јави МИА.
Израелските воздухопловни сили (ИАФ) во текот на ноќта нападнаа „воени структури и фрлач на Хезболах“ во областите Кфаркела, Тајбех, Ханине и Јарине во близина на границата на Либан со Израел, соопшти ИДФ во објава на Телеграм.
ИАФ, исто така, вчера нападна „воена структура на Хезболах“ во Хирбет Селм, исто така во јужен Либан, додаде ИДФ.
Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Газа минатиот октомври, речиси секојдневно има судири меѓу израелската армија и проиранскиот Хезболах во Либан во пограничната област меѓу двете земји.
Има жртви на двете страни, повеќето од нив членови на Хезболах, кој вели дека дејствува во знак на солидарност со Хамас.