Израелската војска и Хезболах разменуваат оган преку либанската граница

Хезболах и израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска повторно разменија оган преку либанската граница, објавија двете страни, пренесе ДПА.

Хезболах соопшти дека пукал од јужен Либан врз израелските единици во Мисгав во северен Израел и Беит Хилел на Голанската висорамнина окупирана од Израел.

ИДФ извести дека израелски борбени авиони ги погодиле базите и инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан во текот на ноќта и во раните утрински часови, пренесува МИА.

Израелските тенкови потоа пукаа врз цели на Хезболах во јужен Либан подоцна во текот на денот. Во извештајот се вели дека сирените за воздушен напад се огласиле во Рош Ханикра на брегот на Средоземното Море во текот на попладневните часови.

Нема информации за жртви ниту од двете страни.

Хезболах и ИДФ постојано разменуваа оган преку либанската граница по нападите на 7 октомври, извршени од Хамас од Појасот Газа.

Се зголемува загриженоста за поширокиот регионален конфликт што ги привлекува Хезболах и неговите ирански поддржувачи, наведува ДПА.