Најмалку двајца Палестинци загинаа, а неколку други се ранети во напад на израелската армија врз болницата Насер во Кан Јунис, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Израелскиот напад на најголемата болница во енклавата предизвика голем пожар, а во моментот на нападот болницата беше полна со ранети луѓе, кои таму се засолниле откако Израел започна нов бран напади минатата недела, наведува АП.

Министерството објави дека во нападот бил убиен член на политичкото биро на Хамас, Исмаил Бархум, како и 16-годишно момче на кое пред два дена била извршена операција во болницата.

Текстот Израелската армија ја нападна болницата во Газа, при што загинаа две лица е превземен од МАКФАКС.