Израелската армија објави четиричасовна „тактичка“ пауза во борбите во населбата Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Четиричасовната пауза е за „хуманитарни цели, за да му се овозможи на цивилното население да ги надополни резервите со храна и вода“, соопшти денеска на платформата Икс (поранешен Твитер) израелскиот тело одговорно за контакти со Палестинците.
Прекинот на борбените дејства е ограничен на населбата Ал Салам во Рафа. Градот има граничен премин со Египет, кој се користи за транспорт на хуманитарни материјали за цивилното население во блокираниот крајбрежен појас.