реклама

Одри и Хари се пар од САД кои патуваат низ светот, а досега, како што тврдат, посетиле дури 69 земји.

На нивната Фејсбук страница, The Budget Savvy Travelers, тие редовно ги информираат своите следбеници за нивните патувачки авантури, а во една од нивните последни објави го опишаа нивното искуство од Македонија.

реклама

„Отидов во Македонија и нарачав хамбургер со помфрит, и го добив сето ова“, напиша тој, покажувајќи дека му поставиле куп месо, гравче тавче, помфрит и зеленчук во чинија.

Засега останува непознато каде точно е направена фотографијата.

реклама

Парот исто така има и блог каде ги споделува своите импресии од државите во кои престојува, а каде се најубавите плажи во Охрид можете да видите ТУКА!

реклама