Украинските служби за управување со кризи и итни случаи соопштија дека е изгаснат пожарот што горел без контрола во текот на ноќта во нуклеарната централа Запорожја која се наоѓа во југоисточна Украина.
До ова дојде откако локалните власти соопштија дека руските сили отвориле оган врз објектот во текот на ноќта додека се приближувала руска колона. Нуклеарната централа во Запорожје, во близина на реката Днепар, е најголемиот во Европа и произведува повеќе од една петтина од домашната електрична енергија во Украина.
Нуклеарната агенција на ОН рано утринава најави дека во функција ќе ги стави своите служби за инциденти и итни интервенции поради можниот негативен развој на настанатите во Запорожја. Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм доцна во ноќта изјави дека засега нема првични знаци за зголемено ниво на радијација во централата.
Градоначалникот на Запорожје, Дмитро Орлов, изјави дека руските сили отвориле оган врз контролен пункт на неколку километри од нуклеарната централа врз тамошните цивили и гранатирајќи ја областа најмалку еден час.