Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке во интервју за „Билд“ го посочи тимот кој во моментов е најзагреан за ангажман на Ерлинг Халанд.
Норвешкиот напаѓач со своите игри го привлече вниманието на најголемите европски екипи кои ќе можат да го донесат за „само“ 75 милиони евра.
Вацке смета дека шпанскиот стил на фудбал повеќе би му одговарал на Халанд отколку англискиот и го посочи тимот на Реал Мадрид како фаворит за неговиот потпис во овој момент.
– Знам дека сите европски клубови го сакаат, посебно Реал Мадрид. Најголемиот интерес од Реал Мадрид е потврден.
– Мислам дека шпанската лига би му одговарала повеќе отколку англиската. Сепак, на крајот ние сите во клубот се надеваме дека ќе остане со нас, -изјави Ханс Јоаким Вацке.
Ерлинг Халанд има импресивни бројки зад своето име во Борусија Дортмунд каде на 75 натрпевари постигнал 76 погодоци.