Во Унгарија утре се одржуваат парламентарни избори, на кои долгогодишниот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес ќе се соочат со најголемиот предизвик досега.
За разлика од претходните избори циклуси, кога убедливо победувашe, 58-годишниот Орбан сега има сериозен ривал. Станува збор за разноликата коалиција Обединети за Унгарија, сојуз од шест партии, предводен од кандидатот за премиер Петер Марки-Зај. Тој е 49-годишeн економист.
Анкетите покажуваат дека Фидес е во благо водство, но дека резултатите од изборите се неизвесни. Според истражување спроведенo од 23 до 25 март, владата на Орбан ја поддржува 44 отсто од гласачите, а опозицијата има поддршка од 42 проценти, со маргина на грешка од 3,5 проценти.
Националистот Орбан кој е на чело на владата од 2010 година се бори за петтиот мандат. Кампањата му се заснова на ветувањето дека ќе го зачува мирот и безбедноста и ќе обезбеди увоз на енергија од Русија, во време на војна со Украина.