Братот на сестрите Кардашијан не се појави на свадбата на Кортни.
Минатиот викенд сите погледи беа вперени во свадбата на најстарата сестра на Кардашијан – Кортни. Нејзината венчавка се одржа во Италија, а фотографиите за само неколку часа го преплавија интернетот.
Оние кои го следат животот на најпознатото семејство во светот, забележале дека на овој среќен настан не присуствувал Роберт Кардашијан.
„Ништо лично“, рекол извор близок на Роберт Кардашијан за неговото отсуство од свадбата на сестра Кортни.
Поранешниот дизајнер на чорапи се повлече од реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ во 2013 година и оттогаш избегнува изложување во јавноста.
Роб со години се бори со прекумерната тежина и депресијата, а неговиот живот дополнително се комплицира со судењето на неговата поранешна свршеница Блек Чајна.
Со оглед на тоа што долго време живее во изолација, решил да избегне посебен ден за својата најстара сестра. Наместо да оди во Италија, тој го поминал времето со својата ќерка Дрим, но за време на церемонијата се придружил преку „Face Time“ да го поздрави семејството и да им посака среќа на младенците.