Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа.
Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“.
Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот Брег, а меѓу нив се и пропагандната единица на Хамас и членови на ракетната единица на Исламски џихад, додаваат ИДФ, а пренесе МИА
Израелските сили претходно соопштија дека убиле 50 вооружени Палестинци во операција во болницата Ал Шифа.