Сочно и вкусно јадење кое цело семејство веднаш ќе го засака.
Состојки:
– 1 карфиол;
– 100 милилитри млеко;
– пилешка коцка за супа;
– 250 милилитри павлака за готвење;
– 200 грама кашкавал;
– 2 лажици презла;
– прстофат сол;
– прстофат бибер;
– 1 лажица црвен пипер;
– 50 грама путер.
Подготовка:
Ставете го млекото да зоврие со половина литар вода и коцката за супа. Од карфиолот одвојте ги крупните делови, па ставете ги во течноста и варете 5 минути.
Садот за печење намачкајте го со путер, ставете ги парчињата карфиол, па додадете над нив рендан кашкавал и презла.
Прелијте со павлака, посолете, ставете бибер и црвената пиперка.
Печете 15 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.
Пријатно јадење!