Фото/makfudbal. mk
Натпреварот меѓу Воска и Вардар, во 28.коло во Првата македонска фудбалска лига, не го доживеа својот крај. Домашниот тим во 75.минута го напупти теренот, револтирани од одлуката на судијата да го признае голот на Дурански во 71.минута.
„Воска Спорт го изразува својот револт, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните судиски одлуки на последниот натпревар меѓу нашата екипа и Вардар.
Од првата минута од натпреварот нашите играчи не беа рамноправни на теренот со противниците поради низата неправедни судиски одлуки кои значително се одразија на текот на играта и исходот на натпреварот.
Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, што доведе не само до нефер игра, туку и до серија неосновани опомени и казни кон нашите играчи.
За жал, поради овие сериозни неправди, во 76. минута нашиот тим беше принуден да се повлече од игра. Сметаме дека ова беше единствената можна одлука да ги заштитиме правата на нашите играчи и да спречиме понатамошно нарушување на спортскиот интегритет.
Во оваа насока бараме од ФФМ да ги разгледа спорните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага за судиските одлуки и ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите екипи. Очекувајќи го вашиот одговор и дополнителни инструкции, ви благодариме за разбирањето.
Со почит,
Воска спорт“
Јасно е дека Вардар ќе го добие натпреварот со службени 3:0, а Воска покрај поразот ќе се соочи и со други снакции за напуштањето на теренот.
Текстот Играчите на Воска си заминаа од теренот, Вардар ќе запише службена победа е превземен од МАКФАКС.