Ракометната репрезентација на Хрватска го совлада Исланд со 32:26 во натпреварот од второто коло од Групата 4, втората фаза на Светското првенство. Игор Карачиќ емотивно ја прослави победата, со бакнеж од сопругата Душица, објави Индекс.
Најголема поддршка во кариерата на Игор е неговата сопруга Душица Андоновска, Македонка со која 36-годишниот ракометар стапи во брак во 2021 година.
Двојката се запозна додека Игор настапуваше за ракометниот клуб Вардар. Тие беа разоткриени од македонските медиуми, а набргу потоа и Игор ја потврди врската на социјалните мрежи.
Тие се верија во 2020 година, а Игор на Инстаграм објави фотографија од прстенот што го носи Душица.
Текстот Игор Карачиќ победата над Исланд ја прослави со бакнеж со сопругата Душица е превземен од МАКФАКС.