Селекторот на Хрватската ракометна репрезентација Хрвоје Хорват денеска го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка, што се одржува во јануари.

Големо изненадување е тоа што некогашниот играч на Вардар Игор Карачиќ не се најде на списокот, туку ќе биде резерва во случај некој да се повреди или да не може да настапи на турнирот од други причини. Покрај поранешниот „вардарец“, статус на резерви имаат и Шего, Ивиќ, Лучин и Мариќ.

Хорват му дава шанса на ракометарот на Вардар, Анте Гаџа на централната бековска позиција, кој ќе се бори за минутажа со Домагој Дувњак и Лука Циндриќ.

СПИСОК ХРВАТСКА

Голмани: Пешиќ, Шуњиќ, Мандиќ

Леви крила: Мандиќ, Михиќ

Денси крила: Чупиќ, Главаш

Пивоти: Шушња, Шипиќ, Граховац

Леви бекови: Јагањац, Срна, Мамиќ

Средни бекови: Дувњак, Циндриќ, Гаџа

Десни бекови: Мартиновиќ, Шебетиќ