Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите за иден тренер на најдобриот светски тенисер Јаник Синер. Ова го пишува „Газета дело Спорт“, потсетувајќи на успешната соработка помеѓу Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ и фактот дека актуелниот тренер Австралиецот Дарен Кејхил го напушта Синер на крајот од сезоната.

Горан Иванишевиќ, кој неодамна се раздели од Елена Рибакина, моментално е слободен агент. Поранешниот шампион на Вимблдон би можел значително да го подобри сервисот на Синер, како што тоа го правеше во годините на работа со Новак Ѓоковиќ.

Иванишевиќ беше клучен во претворањето на сервисот на Новак во моќно оружје. Плус, тој е дел од истата агенција како Синер, „Старвинг Спорт“ што ја олеснува потенцијалната соработка.

Да потсетиме, ова не би било првпат Синер да ги „превзема“ поранешните членови на тимот на Ѓоковиќ, бидејќи во својот тим веќе донесе двајца поранешни соработници на Новак.

Тоа се фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бади.

Покрај Горан Иванишевиќ како можни тренери на Синер се споменуваат Андре Агаси (кратко работеше со Ѓоковиќ) и поранешниот италијански тенисер Андреа Сепи.

Текстот Иванишевиќ е еден од кандидатите за нов тренер на Синер е превземен од МАКФАКС.