На претставувањето на Серхио Консеисао како нов тренер на Милан, спортскиот директор на клубот Златан Ибрахимовиќ му се извини на претходниот тренер Пауло Фонсека, за она што клубот му го приреди на заминувањето.
Фонсека забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази во 24 натпревари во сите натпреварувања.
И покрај тоа што веднаш по мечот со Рома (1:1) знаеја дека ќе го заменат, челниците на Милан му дозволија на Фонсека да се појави на прес-конференцијата, за што Ибрахимовиќ се извини.
„Максимална почит за Пауло Фонсека. Тој не можеше да продолжи поради резултатите, кои се од суштинско значење за Милан. Одлуката ја донесовме по натпреварот и направивме грешка што го испративме на прес-конференција, му се извинуваме на Пауло и на навивачите. Одговорноста не е само на тренерот, таа мора да се сподели со сите“, изјави Ибрахимовиќ.
Новиот тренер на Милан, Консеисао во текот на кариерата играше за градскиот ривал на Милан, Интер, а своето деби во Суперкупот на Италија ќе го има на 3 јануари против Јувентус, за кој настапува неговиот син Франциско.
Текстот Ибрахимовиќ му се извини на Паоло Фонсека е превземен од МАКФАКС.