Заедно, медот и циметот се одлична и вкусна комбинација, која ќе го промени вашето тело на подобро. Ви откриваме некои од предностите на ова прекрасно комбо:Циметот може да го намали нивото на шеќер во крвта, бидејќи влијае на нашето тело како природен лек. Од друга страна, медот главно се состои од гликоза, фруктоза и вода, а погоден е и за дијабетичари. Заедно тие прават одличен лек кој го балансира нивото на шеќер во крвта.Иако исхраната и тренингот се најважни за слабеење, комбинацијата од цимет и мед може да послужи како додаток кој ќе го забрза вашето слабеење. Доволно е да се напиете вода со лажица мед и цимет половина час пред оброците и спиење – ќе го намалите апетитот, ќе го забрзате метаболизмот, а килограмите ќе се намалат.Медот го подобрува протокот на крв, а циметот го зголемува нивото на добриот холестерол. Затоа и двете намирници се потребни за правилно функционирање на срцето и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.Добро познато е дека медот претставува природен антибиотик кој се користи уште од античко време за лекување на многу болести. Заедно со циметот, кој има антибактериски и антиинфламаторни својства, формираат природен додаток кој го зајакнува имунитетот и го штити организмот од инфекции и вируси.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.