реклама

Иако е важно да останете хидрирани и да пиете најмалку два литра вода дневно, не треба да ја пиете додека јадете.

Имено, доколку внесувате течност заедно со храната, може да се наруши нивото на концентрација на киселина и жолчка во желудникот, кои се неопходни за овој орган правилно да ја вари храната.

реклама

Овој совет особено важи за пиење ладна вода бидејќи дополнително го успорува процесот на варење на храната, па ќе имате чувство на тежина во стомакот, пренесува klix.ba.

Најдобро би било да пиете вода 15 минути пред јадење. По оброкот, почекајте најмалку половина час за да пиете вода.

реклама

„Моја препорака е да поделите два литра вода во текот на денот и да пиете постепено, за никогаш да не претерате. Премногу вода го нарушува варењето, а може да се случи вишокот на храна да остане во телото и да го наруши нивото на инсулин и шеќер, што доведува до дијабетес“, изјави претходно нутриционистот Анжу Сод.

реклама