Со почетокот на грејната сезона започнува и борбата меѓу машко-женските двојки за контрола над темературата во куќата. Жените преферираат пожешко, тоа е и официјално докажано!
Статистиката, која ја направила една британска компанија која поставува и одржува болјери и термостати покажува дека поради овој таканаречен „проблем“ се расправаат третина двојки. Односно, 40 отсто жени тајно ја зголемуваат температурата во просторијата во која престојуваат и тоа зад грбот на партнерот.
Науката тврди дека идеалната собна температура за жените е меѓу 24 и 25 степени, што е за два и пол степени повисока од онаа која им одговара на мажите.
Перцепцијата на температурата зависи од кожата, а таа кај жените е пониска, вели науката.
Друго истражување покажа дека просечната температура на женските раце изложени на студ е пониска скоро три степени Целзиусови отколку кај мажите.
Фактор кој придонесува во разликите е женскиот хормон естроген кој крвта ја прави погуста, забавувајќи го нејзиниот проток кон капиларите и вените во деловите на телото како што се прстите на рацете и нозете, поради што тие се студени.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.