Стручни лица советуваат дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што исто така може да придонесе и за значајно пореметување на спиењето. Внесувањето вода пред спиење влијае на расположението, односно луѓето кои често пијат вода се посреќни, позадоволни и посмирени.
Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла, го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода ја поттикнува и циркулацијата, помага за губење на килограмите, а придонесува и за исфрлање на токсините преку потење.
Водата пред спиење овозможува доволно хидратација, но и ги смалува болките во мускулите и стомакот. Во неа, можете да додадете и малку лимон, што ќе и го збогати вкусот и ќе придонесе за внес на витамин Ц.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.