На Олимпијадата во Пекинг претпладнево завршија трките во женска и машка конкуренција во паралел слалом – сноубординг.
Кај сноубордерките златниот медал го освои Естер Ледецка од Чешка. Сребрениот медал е за Даниела Улбинг од Австрија, додека бронзата отиде кај Глорија Скотник од Словенија.
Ледецка на Чешка и го донесе првото злато на Игрите во Пекинг, воедно ова е прв медал за нејзината земја на ЗОИ 2022.
Во машка конкуренција победи Австриецот Банџамин Карл, втор беше Тим Мастнак од Словенија, трет Русинот Виктор Вилд. Мајер на Австрија и го донесе вториот златен медал на Олимписките игри во Пекинг.