Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска кажа дека е запознат со случајот со Кристијан Коцев, за кого граѓаните собираат финансиски средства за лекување во странство, дека тој боледува од ретка, тешка болест, но дека тој досега не лекувал во јавно здравство.
Да разјасниме, тој нема поднесено барање до надлежните институции. Тој случај досега не се лекувал во јавно здравје. Четири – пет години не биле на преглед. Така што, ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува, изјави Меџити на новинарско прашање зошто како Министерство за здравство, како и Фондот за здравствено осигурување, не понудиле некоја помош за лекувањето на Коцев.
Дваесетгодишното момче Кико треба да биде лекувано со матични клетки во Истанбул. Тој има многу ретка и тешка болест која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. Парите се собрани за четири дена, а семејството започнува постапка за стопирање на телефонските броеви за донации. Лекувањето во Турција е 50.000 евра а поради состојбата ќе бидат потребни и дополнителни средства за специфичниот медицински транспорт.
Ние сме државни институции, колку што сум јас информиран од службите пак барање не е поднесено на ниво во Министерството за здравство, ниту во Фондот. Такви служби или барања до Министерството до институциите надлежни, досега немало. Ние ќе го разгледаме случајот, нормално фамилијата треба да поднесе барање…, рече Меџити.
Тој додаде дека секогаш се тука за пациентите и кога би имало такво барање, тие би го разгледале и би постапиле согласно законите за заштита.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.