Младата ѕвезда на Барселона, Педри открива дека бил на проба во Реал Мадрид, поминал една недела во школата по што му били кажано дека не е доволно добар.
Барселона во 2019 го купи Педри за почетна сума од 5 милиони евра, Шпанецот остана уште една сезона во Лас Палмас и во 2020 пристигна на Камп Ноу.
Тинејџерот веднаш се наметна и стана клучен играч во средниот ред на Барса но и на Шпанија. За одличните партии сега доби неколку признанија, во изборот на Тутоспорт беше прогласен за „Златно момче“ а Франс Фудбал му го додели „Копа трофеј“.
Во разговор со Франс Фудбал, Педри сега открива дека неговата кариера можела да има поинаков пат.
„Поминав една недела во Реал Мадрид, бев на тестирање, тренирав на ладното“ – со насмевка вели Педри кој доаѓа од топлото Тенерифе.
„Но ми кажаа дека не сум доволно добар“.