Куркумата и медот имаат и поединечно добро, но особено кога се консумираат заедно, неверојатни лековити својства.
Тие си помагаат во лекувањето на воспалението на горните дишни патишта, ги спречуваат настинката и грипот бидејќи го зајакнуваат имунитетот и со самото тоа не доведуваат до компликација со хроничните воспаленија на респираторните органи и имаат антиоксидантско дејство.
Медот е добар за кожата, така што земањето на оваа смеса низ чај или кафе, меѓу другото, ќе влијае и врз тоа вашата кожа да стане поеластична и со помалку брчки.
Подготовката е многу лесна: во 100 грама мед измешајте една лажичка куркума и најдобро е мешавината да ја чувате во дрвен сад.
Со неа можете веднаш да засладувате чаеви, млеко и колачи. На здравје!