Истражување ги откри десетте најубави супермодели во светот. Ова се пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. Методот се заснова на „златниот сооднос“, познат и како „божествена пропорција“.

Тој тврди дека колку е поблизок односот на клучните компоненти како обликот на лицето и вилицата до бројот 1.618, толку поубави се жените. „Сите се прашуваме кој е навистина најубавиот од супермоделите и ова е најблиското објаснување што можеме да го добиеме врз основа на симетријата на лицето и класично убавите црти“, објасни тој.

Значи, кој е на врвот?

Британскиот супермодел Кејт Мос, која се прослави во 1990-тите, е на врвот на неговата пресметка со 94,14 проценти. Де Силва тврди дека Кејт е најблиску до идејата на античките Грци за „совршеност“ врз основа на положбата на нејзините очи, обликот на лицето, носот, ширината на усните и линијата на вилицата. Две карактеристики се издвојуваат кај неа: нејзината совршено обликувана вилица (со резултат од 96,5 проценти) и брадата (со 95,6 проценти).

Синди Крафорд, која беше на насловните страници и модните писти во текот на 1980-тите и 1990-тите, е веднаш зад Мос со резултат од 93,86 проценти. Таа би ја надминала Мос доколку не добиела полоша оценка за усни (84 проценти), рече Де Силва. Таа се истакна во три категории: брадата (99,9 проценти), положбата на очите (99,4 проценти) и челото (98,6 проценти).

На третото место се најде Жизел Бундхен со резултат од 93,11 отсто. Докторот Де Силва истакна дека Бундхен има најдобро растојание меѓу усните и носот во споредба со другите модели на оваа листа.

Целата листа:

Кејт Мос – 94,14%
Синди Крафорд – 93,87%
Жизел Бундхен – 93,11%
Џордан Дан – 91,39%
Вини Харлоу – 91,03%
Кендал Џенер – 91,00%
Лиу Вен – 90,98%
Кара Делевињ – 89,97%
Емили Ратајковски – 89,37%
Наоми Кембел – 89,26%

Текстот Златен пресек: 10-те најубави супермодели во светот е превземен од МАКФАКС.