Деновите на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед се избројани. Норвежанецот е под силен притисок од навивачите и медиумите, кои првично шпекулираа дека Брендан Роџерс е главен кандидат за клупата на „Олд Трафорд“.
Сепак актуелниот менаџер на Лестер сити не сака да го напушти клубот сред сезона и ако го презема Јунајтед би почекал до лето. Раководството на „ѓаволите“ бара експресно решение па сега фокусот го вртат кон Зинедин Зидан.
Французинот е слободен откако го напушти Реал Мадрид. Тој имаше одлична соработка со Кристијано Роналдо и Рафаел Варан во таборот на „кралевите“ па сега овие двајца фудбалери ќе се обидат да го убедат да дојде во Јунајтед.