Зендаја секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации, а синоќешното доделување на Златните глобуси не беше исклучок. Убавата актерка осамна во портокалов фустан на Луј Витон, кој го украси со блескави накит, меѓу кои и ѓердан Bvlgari.
Сепак, вниманието на обожавателите го привлече прстенот на нејзината рака. Имено, актерката носеше прстени на двете раце, а фановите го привлече оној на левата рака, каде најчесто се носат веренички и венчални прстени.
„Зендаја не би носела прстен на тој прст освен ако тоа не е свршувачка“, напиша една обожавателка на социјалните мрежи, а друга додаде: „Додека Зендаја не ја потврди свршувачката, не можеме да знаеме“.
Инаку, 28-годишната актерка, која е во долгогодишна врска со британскиот актер Том Холанд, се уште не ги коментирала гласините.
Текстот Зендаја го украде вниманието на Златните глобуси е превземен од МАКФАКС.