Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во неделата вечерта на југот на земјата, на околу девет километри југозападно од Ла Унион до Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Властите на Ел Салвадор објавија дека ги активирале протоколите за итни случаи поради земјотресот, кој се почувствува и во Тегусигалпа, главниот град на соседен Хондурас, како и во источниот дел на Никарагва, пренесува Ројтерс.
ЕМСЦ, кој последователно ја коригира првичната проценка со јачина од 5,4 степени, потврди седум минути по првиот извештај последователен потрес со јачина од 4,4 степени.
Текстот Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор е превземен од МАКФАКС.