Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти GFZ.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер вчера го погоди југоисточен Авганистан, по серијата земјотреси што ја погодија централноазиската земја претходно оваа недела, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а повеќе од 3.600 беа повредени на истокот од земјата.
Неколку десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.
Првиот потрес, со јачина од 6 степени, ги погоди провинциите Кунар и Нангархар во неделата.
Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност за населението поради недостиг на основни потреби како што се храна, засолниште и лекови.
Текстот Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан е превземен од МАКФАКС.