Силен земјотрес вечерва ја погоди Босна и Херцеговина. Според последните информации, земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, пренесува телевизијата Н1.
Епицентарот бил на 13 километри од Зеница и на 62 километри од Сараево.
Според првите информации, земјотресот предизвикал и одрони на патиштата. Едно од нив се случи на влезот во тунелот Врандук.
Оваа информација за Н1 ја потврдија од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон. Според нив, оштетени се две возила.
„Имаше уривање на влезот во тунелот Врандук. Според досегашните информации, оштетени се две возила, едно лице е повредено. Сè уште не е познат степенот на повредата. Наши луѓе се на терен и работат на санирање на штетите“,соопштиле од тамошното Министерство за внатрешни работи